Деница Чадиковска е 23 годишен новинар која во водите на новинарството влезе во четвртата година од студиите по Психологија на Филозофскиот факултет. Таа е коавтор и копродуцент на магазинот Крик кој се прикажуваше на телевизија 24. Проектот кој ги таргетираше интересите на младите во државата беше изработен  во рамките на програмата “Промовирање на слободата на изразување и јавен дијалог во Македонија” финансиран од Владата на Велика Британија со поддршка на Британската амбасада во Скопје. За време на проектот таа се стекнала со професионална обука од BBC Media Action. Во моментов Деница е практикант новинар во ИРЛ Македонија, како дел од првиот hands on training вилонтерски проект на ИРЛ со цел обучување на идните медиумски лидери во сферата на храброто, критичкото и аналитично новинарство.

Давид Илиески е ко-креатор на младинската образовна програма “Крик”, проект подготвен во рамките на програмата “Промовирање на слободата на изразување и јавен дијалог во Македонија” финансиран од Владата на Велика Британија со поддршка на Британската амбасада во Скопје. За време на проектот тој се стекнал професионална обука од BBC Media Action. Почнувајки од јануари 2018 работи како новинар и заедно со група млади професионалци го продуцираат првиот младински ТВ магазин “Крик” којшто третира социо-политички теми кои ги засегаат младите. Својата прва
сезона ја имаше годинава на телевизија 24, а истата беше продуцирана под менторство на новинарката Сашка Цветковска. Во моментов тој е практикант новинар во ИРЛ Македонија, како дел од првиот hands on training вилонтерски проект на ИРЛ со цел обучување на идните медиумски лидери во сферата на храброто, критичното и аналитично новинсрство.