Културнo ехо е меѓународна, невладина и независна организација со седиште во Скопје, Р. Македонија. Со осврт кон архитектурата и други уметности, па се до компјутерските и правните науки, нашата мисија е да ја промовира корпоративната урбана и еколошка одговорност; повторно откривање, редефинирање и решавање на заедничките прашања преку конвенционални стратегии и нови перспективи за создавање на одржлив урбан, социјален, општествен и културолошки развој.

Мартин Анастасовски е роден во Скопје, каде што и го поминува своето детство, се до својата петнаесетта година, кога се преселува и живее во САД. Таму завршува средно училиште и потоа дипломира во сферата на политичките науки. Од 2013 година постојан дом му е Скопје, а редовна преокупација му се визиите за еден напреден град и начините и иницијативите до таа цел. Како дел од социјално-општествениот активизам на Мартин се учества во волонтерски иницијативи, самостојно собирање ѓубре на Водно уште од 2013 година па наваму, работа со маргинализирани заедници, неколку преводи на книги и есеи, како и неколку своерачни есеи и колумни кои биле објавувани на интернет портали. Тој учествувал на неколку конференции, школи и работилници наменети за млади, како што е Школото за Јавни Политики Мајка Тереза во Скопје и Светскиот Форум за Демократија при Советот на Европа во Стразбур. Во слободното време Мартин сообразува неколку дела за кои се надева дека ќе ја видат светлината на денот во годините што претстојат.

Симона Димковска е родена во 1989 година во Куманово. Средно училиште завршува во Гимназијата Гоце Делчев во 2008, а во 2011 ги завршува судиите од прв степен  на Архитектунскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На истиот универзитет при Факултетот за драмски уметности во 2015 дипломира актерска игра. Успешно ги комбинира и применува знаењата од обете области. Работи како актер и сценограф во дипломската претстава Љубоф (2013) во продукција на Младинскиот Културен Центар во Скопје, ја креира и сценографијата на претставата Бог на масакрот (2014), магистерска претстава во продукција на Факултетот за драмски уметности. Учествувала и на многу работилници на различни теми: Чехов, глас и тело, Брехт, политика и театар. Како актерка по завршувањето на студиите, игра во неколку претстави на режисерот Слободан Унковски: Солун – град на духови (2015), Лерин (2016)– обете во продукција на независниот „Театар на навигаторот Цветко.“ Игра и во претставата Ајнштајновите соништа (2015) во копродукција со НУ Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Во 2016 година е ангажирана и во претставата Антигона и Креонт во режија на Нела Витошевиќ. Работи на експериментална куклена претстава „Меѓу Нас“  во 2017, продукција на Буден Театар. Во Театар Куманово, се приклучува како актер-гостин во претставата „Физика на тагата“ 2018  во режија на Милош Андоновски. Истата година во негова режија работи и на експерименталната  поставка на „Хамлет“, во Кино Култура. Од областа на филмот и телевизијата, се појавува во неколку реклами од кои, за едната, соработува со режисерот Милчо Манчевски. Исто така, се појавува во неколку серии од кои во едната на руски јазик „Крестный“, во режија на Тимур Алпатов. Има споредна улога во филмот Тајната состојка (2017) на режисерот Ѓорче Ставрески, и главна улога во краткометражниот филм „Вера“ (2018), во режија на Верица Недеска.