Говорници: Ретвитни оброк

retvitni obrokРетвитниOброк е идеја од луѓе за луѓе. Сè започна со еден твит  во кој главната цел беше  да се сподели сликнатата храна.

Она што претставува ретвитни оброк е самоодржлива иницијатива која мобилизира, енергизира, помага. Воедно, за нив тоа значи ветување кое сами си го имаат дадено себеси, но и на другите. Споделување оброци со оние кои немаат, но и споделување енергија, мотивирање и креирање начини како да се биде корисен во општеството. Речиси сите во групата се со различен професионален профил, но ги обединува желбата за промени и емпатијата кон луѓето кои ја немаат таа среќа и удобност за достоинствен оброк.

Да ретвитнеш оброк значи да зготвиш, да сликнеш, но тој оброк да заврши кај некој кому навистина му е потребен. Така и почнаа, од мала група на Твитер, иницијативата се прошири и на Фејсбук и веќе постојат една година. Соработката со Вистински дела на Љубезност им беше од голема помош, бидејќи со нив ја спроведоа идејата. Секоја сабота на пладне, доаѓаат луѓе со зготвени оброци и истите ги делат на бездомниците и социјално загрозените лица. На почетокот, иницијативата беше поддржана од самите активисти, но како се приклучуваа се’ повеќе луѓе, добиваат донации од нивни блиски пријатели, од многу приватни фирми, маркети, луѓе добронамерници што ја претворија идејата во седмичен граѓански активизам. Главната цел која во континуитет сакаат да ја промовираат е дека може со малку да се постигне многу. Да се подигне свеста за постоењето на луѓето кои се околу нас и се погодени од сиромаштија, болест, неможност да работат и да се прехрануваат. Да се јакне солидарноста и капацитетите на луѓето, како и едукацијата за тоа што може да се направи повеќе без формална организиација. Ретвитни оброк нема хиерархија, само силна потреба да направи нешто за своите сограѓани.

Говорници: CITY CREATIVE NETWORK (CCN) – Skopje

CCNCCN е интернационална мрежа на млади професионалци од различни креативни дисциплини која е базирана во Скопје. Нивната работа ја карактеризира интердисциплинарен, критички и иновативен пристап кон урбаноста. Развиваат стратешки концепти за активација и развој на јавниот простор кој се темели на остварување на одржлив, инклузивен и балансиран урбан развој преку едукативни и практични проекти и иницијативи. CCN e мрежа која остварува соработка со локални власти, планери, архитекти, дизајнери, уметници, здруженија и заинтересирани граѓани. CCN има намера да прерасне во генератор на идеи и едукативен центар со јавно достапна база на податоци, резервоар на свежи дизајн предлози и релевантно знаење за алтернативна употреба и развој на јавниот простор. CCN се надоврзува кон актуелните креативни тенденции во Скопје и ги проширува нивните полиња на дејствување. Ова е мрежа делува на локално ниво но посочува генерални проблеми во урбаниот простор на регионално и Европско ниво. CCN е место каде што младите професионалци се среќаваат, соработуваат, креираат и дејствуваат.

 

Говорник: Irem Somer

iremIrem Somer, studied Political science and also media communication systems. She has been active member of “Association for Solidarity with Refugees” (Mülteci-Der), which is based in İzmir-Turkey and is a right based organization, since 2013. The main activities they carry out as are monitoring, reporting, lobbying and carrying out awareness raising activities regarding refugees’ life in Turkey and violations happening at the borders. They also provide legal counseling to refugees.

Irem is also part of Kapılar group, which is a free space in a neighborhood called Basmane whose inhabitans are mostly economically challenged refugees and migrants. There are aiming to create a community center to carry out activities, for both children and adults, workshops and educational events, from language learning to urban gardening projects, recreational activities and live shows by-and-for the community. Kapılar has a kitchen for anyone to use and they also welcome other groups, both local and transnational, to use the space for their activities.

Topic: “How to use self-organization to promote solidarity with the refugees”

Говорник: Valerio Muscella

valerioValerio Muscella (www.valeriomuscella.com), 1985, Rome, Italy. He held a degree in community  psychology and transcultural studies and he has been working for several years with an Ngo in South America and in the Balkans in the international cooperation for development field. He is a self-taught freelance photographer and documentarist focusing his attention on social issues. With the association Cro.M.A. (Cross Media Action) he is currently collaborating with an audiovisual archive (Aamod.it) documenting social movements and immigration issues. With the 4Stelle Hotel project he won the first prize of the Crossmedia Reporting of the DIG Award 2015.

 

About 4Stelle Hotel: www.4stellehotel.it

4Stelle Hotel is a web documentary that recounts a day in the life of the multiethnic community that occupied the abandoned luxury hotel on Via Prenestina in Rome and transformed it into their own home.

4Stelle Hotel is inhabited by around 500 people, comprising 30 different nationalities, who predominantly come from the Maghreb, the Horn of Africa, Latin America, Eastern Europe and Sub-Saharan Africa. They have been able to revitalize the hotel through shared re-activation of the rooms and communal spaces, according to a process of internal self-organization, including cleaning rotas and picket lines. Some of the occupants have lived in Italy for years; others have escaped from regimes, revolution and extreme poverty. All of them claim with dignity their right to a home and a better future.