Радован Петровиќ и Горјан Стојковски се другари, партнери во кошарка и членови на Специјална олимпијада Макеоднија. Пред седум години обајцата немаа идеја дека нивната страст кон кошарката, може толку силно да ги спои и да им овозможи заеднички да стигнат до олимписките игри во Лос Анѓелес 2015 и Абу Даби 2019, едниот како јунифајд партнер и тренер, а другиот како атлет. Од олимпијадите се вратија побогати со медали, сребро и бронза, но и со незаборавни доживувања кои ќе ги паметат цел живот.

Радован, по професија е режисер и ова другарство за него е баш како филм на јаве, а за страсниот атлет Горјан, неговиот Рашо и целата кошаркарска екипа се шанса за дружење и уште еден добар кошаркарски меч, од кој резултатот е другарство, солидарност, еднаквост и инклузија.

Мотото на Специјална олимпијада е „Дозволи ми да победам но, ако не можам дозволи ми да бидам храбар во обидот“.