Даут е роден во Скопје во 1980 година. Од 1998, почнал да работи во националната телевизија „Канал 5“, а после две години, започнал со студии на Факултетот за драмски уметности во отсекот за кинематографија. Дипломирал во 2005 година и оттогаш работи на назависни филмови и соработува со видео продукции ширум Балканот, како директор на фотографија и како прв асистент на камера. Во 2019 година, Фејми ја доби наградата за најдобра кинематографија на филмскиот фестивал „Санденс“ за филмот „Медена земја„, како и наградата за „Најдобар документарец“ според Американското здружение на кинематографи.