CCN е интернационална мрежа на млади професионалци од различни креативни дисциплини која е базирана во Скопје. Нивната работа ја карактеризира интердисциплинарен, критички и иновативен пристап кон урбаноста. Развиваат стратешки концепти за активација и развој на јавниот простор кој се темели на остварување на одржлив, инклузивен и балансиран урбан развој преку едукативни и практични проекти и иницијативи. CCN e мрежа која остварува соработка со локални власти, планери, архитекти, дизајнери, уметници, здруженија и заинтересирани граѓани. CCN има намера да прерасне во генератор на идеи и едукативен центар со јавно достапна база на податоци, резервоар на свежи дизајн предлози и релевантно знаење за алтернативна употреба и развој на јавниот простор. CCN се надоврзува кон актуелните креативни тенденции во Скопје и ги проширува нивните полиња на дејствување. Ова е мрежа делува на локално ниво но посочува генерални проблеми во урбаниот простор на регионално и Европско ниво. CCN е место каде што младите професионалци се среќаваат, соработуваат, креираат и дејствуваат.