Говорници: Ретвитни оброк

retvitni obrokРетвитниOброк е идеја од луѓе за луѓе. Сè започна со еден твит  во кој главната цел беше  да се сподели сликнатата храна.

Она што претставува ретвитни оброк е самоодржлива иницијатива која мобилизира, енергизира, помага. Воедно, за нив тоа значи ветување кое сами си го имаат дадено себеси, но и на другите. Споделување оброци со оние кои немаат, но и споделување енергија, мотивирање и креирање начини како да се биде корисен во општеството. Речиси сите во групата се со различен професионален профил, но ги обединува желбата за промени и емпатијата кон луѓето кои ја немаат таа среќа и удобност за достоинствен оброк.

Да ретвитнеш оброк значи да зготвиш, да сликнеш, но тој оброк да заврши кај некој кому навистина му е потребен. Така и почнаа, од мала група на Твитер, иницијативата се прошири и на Фејсбук и веќе постојат една година. Соработката со Вистински дела на Љубезност им беше од голема помош, бидејќи со нив ја спроведоа идејата. Секоја сабота на пладне, доаѓаат луѓе со зготвени оброци и истите ги делат на бездомниците и социјално загрозените лица. На почетокот, иницијативата беше поддржана од самите активисти, но како се приклучуваа се’ повеќе луѓе, добиваат донации од нивни блиски пријатели, од многу приватни фирми, маркети, луѓе добронамерници што ја претворија идејата во седмичен граѓански активизам. Главната цел која во континуитет сакаат да ја промовираат е дека може со малку да се постигне многу. Да се подигне свеста за постоењето на луѓето кои се околу нас и се погодени од сиромаштија, болест, неможност да работат и да се прехрануваат. Да се јакне солидарноста и капацитетите на луѓето, како и едукацијата за тоа што може да се направи повеќе без формална организиација. Ретвитни оброк нема хиерархија, само силна потреба да направи нешто за своите сограѓани.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s