Истражувачкиот центар за компјутерски науки и информатички технологии е формиран во 2013та година како еден од седум центри на Македонската Академија на науките и уметностите. Центарот е под раководство на академик професор д-р Љупчо Коцарев.
Истражувањата на групата ги опфаќаат полињата од машинско учење, теорија на графови, пресметковна биологија, статистичка физика, економија, безжични мрежи и комуникации. Вклучен е во работата на повеќе европски проекти, и соработува со повеќе истражувачки групи од Универзитети низ Европа.
Визијата на центарот е да се стимулира меѓудисциплинарност и со применето истражување да се достигне напредок во разбирањето и развојот на секое од овие полиња, крајно доаѓајќи до решенија со помош на знаењето од ИКТ.