Иван Новак е еден од основачите на групата Лајбах. Во август 2015, Лајбах стана првата рок група од Западот која некогаш настапувала во главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг. Бендот изведе краток сет составен претежно од композиции од мјузиклот “The Sound of Music” и други преработки, како и оригинална музика на Лајбах, во Понгва Театарот, и акустичен сет во Кум Сонг музичкото училиште. Настапите ја одбележаа 70-тата годишнина од независноста на Кореја од Јапонија, после Втората светска војна.
Оригиналната идеја за концертите произлезе од норвешкиот уметник и активист Мортен Траавик, кој го сними документарецот “Liberation Day” за време на нивниот престој во Северна Кореја.