Беса Арифи ги има завршено своите додипломски, постдипломски и докторски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Уште од 2004 година работи на Правниот факултет при Унверзитетот на Југоисточна Европа, а од јуни 2016 година работи како редовен професор по Кривично право. На Engage зборува за битката на жените во политиката со шовинизмот и конформизмот.