Ана Биалас е активистка и учесничка во кампањи од Полска чиишто интереси се насочени кон Русија, Белорусија и земјите од источно-европскиот регион. Четири години работела како асистент на полскиот член на европскиот парламент и била одговорна за мониторинг на состојбата на човековите права во Белорусија и Русија. Менаџирала бројни проекти за човекови права, вклучувајќи и кампањи за солидарност со белоруските политички затвореници, но и организирала конференции, филмски проекции и други настани кои се однесуваат на проблемот со прекршувањето на човековите права во регионот.
Пред две години, Ана и’ се приклучи на Change.org – најголемата петициска платформа на светот со повеќе од 180 милиони корисници, којашто се залага да застапува било кој и било каде на светот за да допринесе до неопходните промени. Change.org функционира преку започнување, потпишување и споделување на петиции за проблеми релевантни за луѓето кои се засегнати од истите.
Ана работи како учесничка на кампањи во Русија и EECA и го споделува своето искуство стекнато во кампањите со преку 13 милиони корисници на change.org од регионот. Таа секојдневно им помага на корисниците кои започнуваат со кампањи преку консултации, помагајќи им во изградбата на стратегија и во тоа како да мобилизираат потписници со цел да победи нивната кампања.