Антонио Михајлов е извршен директор и еден од основачите на Субверзивен фронт – здружение за критички пристап кон родот и сексуалноста од Скопје, Македонија. Пред да стане ЛГБТИ активист, Антонио работеше во продажба и маркетинг на софтвер во Норвешка, и интернет маркетинг во Белгија и Финска. Неговите одговорности во С-Фронт вклучуваат обезбедување на стратегиска насока на развојот на организацијата, осигурување на спроведувањето на програмата на организацијата во согласност со организациските мисија, визија и стратегиски цели и преку 5 стратегиски области. Универзитетскиот профил на Антонио е во областите на менаџмент на е-бизнис, проектен менаџмент, маркетинг комуникации и организациски развој. Негови интереси се застапување за ЛГБТИ и женски права, обука и образование за род и сексуалноста, како и истражувања за ЛГБТИ теми.