Бесиан Мехмети е основач на архитектонското студио БМА во 2012 година, како плод на неколку годинишна соработка и freelance искуствa во областа на архитектура, урбанизам и дизајн. Откако дипломирал на Архитектонскиот Факултет во Скопје, тој е ангажиран во бројни проекти и наградени конкурсни решенија, во и надвор од земјата, меѓу кои и проектот за Плоштад Скендербег во Скопје, Театарот и библиотеката во Тетово, и проект за новото основно училиште во Капиштец, Скопје. Има учествувано на неколку изложби, вклучувајќи го Венециското биенале во
2012 година и самостојна изложба во New York во 2019 година. Добитник е на Голема Годишна Награда за архитектура за 2019 година. Повикан е како гостин предавач во симпозиуми, формални и неформални средби за архитектура и дизајн.

Покрај праксата, со години е активен и како асистен на Архитектонскиот Факултет во Скопје, Одделот за Архитектура при Универзитет во Тетово и Факултетот за Архитектура и Дизајн на УАКС. Како претходица на архитектонската пракса, Бесиан бил одговорен за голем број графички проекти во Eggra, дизајн агенција која ја основаше со Ngadhnjim Mehmeti, создавајќи меѓународна репутација со публикации во Graphis, Communication Arts и Logolounge, меѓу другите.