Blog

Говорници: Фчерашни новости

FcherashniПод слоганот “Чекор зад сите”, секоја недела во 19:15 часот на телевизија “Телма”, веднаш по вестите, се емитува хумористично-сатиричната емисија “Фчерашни новости” зад која работи креативен тим предводен од Бранко Огњановски.

Во недостиг на хумор на телевизиските екрани, а особено сатира, Фчерашни новости пополнува една дупка во македонскиот етер. Домашната продукција е многу слабо застапена, додека изборот се турски серии и вести, па затоа Фчерашни нудат нешто ново наменето за сите, без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност.

Во секоја епизода во околу 30 минути, преку призмата на хуморот и сатирата, се обработуваат актуелни теми од секојдневниот живот. „Фчерашни новости“ премиерно се прикажува секоја недела на „Телма“, а  се емитува и на 24 регионални и локални телевизиски станици, како и на официјалниот „Јутјуб“ канал на емисијата.

Говорник: Ирина Гордиенко

IrinaG

Ирина Гордиенко е новинар и дописник на весникот Новаја Газета веќе 15 години. Во својата кариера пишува за војни, локални конфликти и државни удари во бившите советски републики – Украина, Молдавија, Грузија, Азербејџан, Ерменија, Киргистан, како и републиките на Северен Кавказ – Дагестан, Кабардино – Балкарја, Чеченија итн. Таа е една од новинарките кои први го истражуваа и објавија масовното приведување, мачење, а во некои случаи и убивање на ЛГБТ лицата во Чеченија, заедно со својата колешка Елена Милашина.

Родена е во 1980 година во Сочи – во јужниот дел на Русија. Има дипломирано на државниот руски универзитет на отсекот за политички науки.

На 1 април, светот беше информиран дека се извршува масовен прогон на геј мажи. Милашина објави сторија поткрепена со докази, а на тоа властите на Чеченија одговорија дека „во државата не постојат хомосексуалци“. Најмалку тројца од стотината сведоци на Гордиенко и Милашина се мртви.

Новинарките сега се соочуваат со закани за убиство, а Милашина ја напушти Русија, откако во џамија во Грозни, главниот град на Чеченија, народот беше повикан да ги „масакрира новинарите“ на 3 април. Гордиенко сè уште е во Русија, а Милашина не открива каде се наоѓа поради опасноста по нејзиниот живот.

Гордиенко, е специјален дописник на Новаја Газета, а пишувала за конфликтите во Кавказ во изминатите осум години.

Говорник: Anna Bialas

AnnaBАна Биалас е активистка и учесничка во кампањи од Полска чиишто интереси се насочени кон Русија, Белорусија и земјите од источно-европскиот регион. Четири години работела како асистент на полскиот член на европскиот парламент и била одговорна за мониторинг на состојбата на човековите права во Белорусија и Русија. Менаџирала бројни проекти за човекови права, вклучувајќи и кампањи за солидарност со белоруските политички затвореници, но и организирала конференции, филмски проекции и други настани кои се однесуваат на проблемот со прекршувањето на човековите права во регионот.

Пред две години, Ана и’ се приклучи на Change.org – најголемата петициска платформа на светот со повеќе од 180 милиони корисници, којашто се залага да застапува било кој и било каде на светот за да допринесе до неопходните промени. Change.org функционира преку започнување, потпишување и споделување на петиции за проблеми релевантни за луѓето кои се засегнати од истите.

Ана работи како учесничка на кампањи во Русија и EECA и го споделува своето искуство стекнато во кампањите со преку 13 милиони корисници на change.org од регионот. Таа секојдневно им помага на корисниците кои започнуваат со кампањи преку консултации, помагајќи им во изградбата на стратегија и во тоа како да мобилизираат потписници со цел да победи нивната кампања.

@AniaBialas

Говорник: Беса Арифи

BesaAБеса Арифи ги има завршено своите додипломски, постдипломски и докторски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Уште од 2004 година работи на Правниот факултет при Унверзитетот на Југоисточна Европа, а од јуни 2016 година работи како редовен професор по Кривично право. На Engage зборува за битката на жените во политиката со шовинизмот и конформизмот.

Изведувачи: Астални проекции

AstalniPШто се Астални проекции?

Астални проекции или поетско читање на асталот, се книжевни собиранки секој прв вторник во месецот. Место на случувањето е арт-кафе Менада, кое секој вторник ги собира младите, и не толку младите поети, прозаисти, уметници, намерници во еден убав мек агол на сегашноста и ги проектира на поубави места.
Почна во јуни 2014, а годинава прославивме јубилејка од 30 Астални, односно три години постоење без никакви формалности. Духот и телото на овој настан сме ние двајца – Ана Голејшка и Ѓоко Здравески, и обајцата поети и луѓе во потрага по убавината на овој свет. Без публиката и нашите пријатели настанот немаше да го биде – им благодариме на сите што секој месец се со нас.

За овие три сезони/ 3 години откако постојат Астални, бевме дел од Автономна Зона, учествувавме во програмата на Филмскиот фестивал Манаки со Боооезија – Асталот е убав, како гости во Струмица на работилница за креативност, бевме и дел од Paratissima фестивалот, а многу често и по Асталните се продолжувало кај Тома во Канал 103, каде што во етерот сме ги читале убавините од вечерта.
Астални е платформа направена од љубов и уметност, ангажирана е да осветлува и просветлува, да искара, критикува, да направи пресек на времето и да послужи како иден пример за нови вакви настани, ослободени од секакви салонски фризури.

Говорник: Иван Новак

IvanNИван Новак е еден од основачите на групата Лајбах. Во август 2015, Лајбах стана првата рок група од Западот која некогаш настапувала во главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг. Бендот изведе краток сет составен претежно од композиции од мјузиклот “The Sound of Music” и други преработки, како и оригинална музика на Лајбах, во Понгва Театарот, и акустичен сет во Кум Сонг музичкото училиште. Настапите ја одбележаа 70-тата годишнина од независноста на Кореја од Јапонија, после Втората светска војна.

Оригиналната идеја за концертите произлезе од норвешкиот уметник и активист Мортен Траавик, кој го сними документарецот “Liberation Day” за време на нивниот престој во Северна Кореја.

Говорник: Никола Писарев

NikolaPНикола Писарев, роден во 1975 година во Скопје, е историчар на уметност и археолог. Од 2015 година е магистер на Односи со јавност и стратешки комуникации на Високата школа за односи со јавност и новинарство на Македонскиот институт за медиуми во Скопје.

Во моментов е вработен како програмски директор на Центарот за современа уметност во Скопје. Од 1999 година активно работи на проекти посветени на подобрување на културниот и социјалниот живот на заедниците во Македонија и поширокиот регион на Западен Балкан. Писарев е автор на многу проекти кои сè уште имаат силен фидбек во македонското и регионалното граѓанско општество, ГотоГлас, Мобилната монтажна галерија, Граѓански активатор, Култура на руралните заедници (проект награден од Швајцарската агенција за развој и соработка, со специјална награда за социјално влијание), Урбан Арт Акција (еден од широко признаените проекти кај граѓанските организации во историјата на Македонија).

Тој е и основач на повеќе граѓански иницијативи, како „Го сакам ГТЦ“, Иницијатива за спасување на реката Радика, „Арсена“, Пракобрани, Охрид SOS и многу други локални иницијативи ориентирани кон заедницата. Едно од неговите најголеми достигнувања е дека тој е првиот кој почна да користи креативни комуникации и акции во проектите на граѓанските организации и успешно решавање на различни проблеми на заедниците. Автор е на многу статии од областа на Историја на уметноста, Урбана околина и урбанизам, социјална антропологија и граѓански активизам.

Говорник: Mihai Polițeanu

MihaiPМихаи Политеану е ко-основач и извршен директор на Иницијатива Романија (Inițiativa România- IR), критичко движење кое промовира слобода, владеење на правото, интегритет, солидарност, отчетност и транспарентност. IR е успешна приказна за градење на заедницата, родено на 1 ноември 2015, за време на уличните протести предизвикани од трагичниот настан во Колектив Клуб, кога 64 луѓе починаа поради лошите противпожарни регулативи и нивното применување, поради корупција.

Михаи е дипломец на филозофија на Универзитетот на Букурешт и на Централниот Европски Универзитет (магистер на студии на национализам). Во 2003 година, работел во службата за комуникации во Романското Академско Општество. Во 2005 година, станал советник на министерот за правда, Моника Маковеи. Почнувајќи од 2007 година, Михаи бил проектен менаџер на фондацијата Фридом Хаус, за антикорупциските проекти. Меѓу 2009 и 2015 година, работел како парламентарен асистент за романскиот член во Европскиот парламент.

Говорник: Birgitta Jónsdóttir

BirgittaJ.png Биргита Јонсдотир е поетеса и политичарка за Пиратската партија во исландскиот парламент и претседател за Интернационалниот институт за современи медиуми

Помогнала да се создадат две политички движења од 2009 година, Граѓанското движење и Пиратската Партија. И двете движења успеале да влезат во исландскиот парламент.

Специјализира во креирање на закони за 21-виот век со фокус на директната демократија, слободата на изразување, информациите и дигиталната приватност. Биргита е и долгогодишен активист. Била волонтер на Викиликс кога се случи најголемото протекување во човечката историја, кога Челси Менинг достави огромна количина на тајни податоци до Викиликс.

Биргита на почетокот на 2010 година го приложи парламентарното решение на Интернационалниот институт за современи медиуми (IMMI), со цел да го воскресне Исланд од пост-кризната мизерија, како засолниште за слободата на изразување, информациите и дигиталната приватност. Едногласно беше усвоено и со тоа и беше дадена задача на исландската Влада да ја создаде оваа визија. Создавањето на законите на IMMI сè уште трае.

Биргита редовно пишува за весникот Guardian, а ја имаше честа и да биде гостин-уредник на изданието на New Internationalist од јануари 2015, насловено „Демократија во дигиталната ера“.

Верува дека индивидуалци можат и треба да го променат светот.

http://birgitta.is/

Говорник: Драгана Велковска

dragana1Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ се формираше на почетокот на 2015 година по најавите за погубни потенцијални проекти долж брегот на езерото. Неколку млади охриѓани се мобилизираа на Фејсбук и заедно со активисти за заштита на животна средина од Скопје решија да отидат на првата јавна расправа за промена на Генералниот урбанистички план за Охрид 2014-2024 г. Оттука почна сè. Решивме дека нема да се регистрираме како организација и дека ќе постоиме како неформална граѓанска иницијатива која се состои од повеќе НВОа, активисти, научници, професори и загрижени граѓани. Решивме дека сакаме да практикуваме вистинска демократија кога веќе за тоа се бориме и затоа нашата иницијатива, односно активистичкото јадро од кое таа се состои, има целосна хоризонтална структура и одлуките се носат со мнозинско гласање. Меѓусебната интеракција ни се заснова на взаемна почит и солидарност.  Имаме основни принципи од кои не отстапуваме и, со мали дигресии, успеавме да ги задржиме континуитетот и квалитетот на активностите подолго од 18 месеци. А тоа не е мал период да се задржи ентузијазмот кај група луѓе кои работат исклучиво волонтерски и во екстремно неповолни услови (закани, опструкции и сл.). Крајната цел ни е да ги спречиме сите „проекти“ кои може да му наштетат на регионот. Нашата визија за една од ретките локации во светот со двоен УНЕСКО статус на културно и природно наследство е претворање во светска дестинација за активен туризам кој се практикува со вистинска почит кон природата и со зачувување наместо со уништување на нашето најголемо и непроценливо природно богатство.