Говорници: Фчерашни новости

FcherashniПод слоганот “Чекор зад сите”, секоја недела во 19:15 часот на телевизија “Телма”, веднаш по вестите, се емитува хумористично-сатиричната емисија “Фчерашни новости” зад која работи креативен тим предводен од Бранко Огњановски.

Во недостиг на хумор на телевизиските екрани, а особено сатира, Фчерашни новости пополнува една дупка во македонскиот етер. Домашната продукција е многу слабо застапена, додека изборот се турски серии и вести, па затоа Фчерашни нудат нешто ново наменето за сите, без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност.

Во секоја епизода во околу 30 минути, преку призмата на хуморот и сатирата, се обработуваат актуелни теми од секојдневниот живот. „Фчерашни новости“ премиерно се прикажува секоја недела на „Телма“, а  се емитува и на 24 регионални и локални телевизиски станици, како и на официјалниот „Јутјуб“ канал на емисијата.

Говорник: Ирина Гордиенко

IrinaG

Ирина Гордиенко е новинар и дописник на весникот Новаја Газета веќе 15 години. Во својата кариера пишува за војни, локални конфликти и државни удари во бившите советски републики – Украина, Молдавија, Грузија, Азербејџан, Ерменија, Киргистан, како и републиките на Северен Кавказ – Дагестан, Кабардино – Балкарја, Чеченија итн. Таа е една од новинарките кои први го истражуваа и објавија масовното приведување, мачење, а во некои случаи и убивање на ЛГБТ лицата во Чеченија, заедно со својата колешка Елена Милашина.

Родена е во 1980 година во Сочи – во јужниот дел на Русија. Има дипломирано на државниот руски универзитет на отсекот за политички науки.

На 1 април, светот беше информиран дека се извршува масовен прогон на геј мажи. Милашина објави сторија поткрепена со докази, а на тоа властите на Чеченија одговорија дека „во државата не постојат хомосексуалци“. Најмалку тројца од стотината сведоци на Гордиенко и Милашина се мртви.

Новинарките сега се соочуваат со закани за убиство, а Милашина ја напушти Русија, откако во џамија во Грозни, главниот град на Чеченија, народот беше повикан да ги „масакрира новинарите“ на 3 април. Гордиенко сè уште е во Русија, а Милашина не открива каде се наоѓа поради опасноста по нејзиниот живот.

Гордиенко, е специјален дописник на Новаја Газета, а пишувала за конфликтите во Кавказ во изминатите осум години.

Говорник: Anna Bialas

AnnaBАна Биалас е активистка и учесничка во кампањи од Полска чиишто интереси се насочени кон Русија, Белорусија и земјите од источно-европскиот регион. Четири години работела како асистент на полскиот член на европскиот парламент и била одговорна за мониторинг на состојбата на човековите права во Белорусија и Русија. Менаџирала бројни проекти за човекови права, вклучувајќи и кампањи за солидарност со белоруските политички затвореници, но и организирала конференции, филмски проекции и други настани кои се однесуваат на проблемот со прекршувањето на човековите права во регионот.

Пред две години, Ана и’ се приклучи на Change.org – најголемата петициска платформа на светот со повеќе од 180 милиони корисници, којашто се залага да застапува било кој и било каде на светот за да допринесе до неопходните промени. Change.org функционира преку започнување, потпишување и споделување на петиции за проблеми релевантни за луѓето кои се засегнати од истите.

Ана работи како учесничка на кампањи во Русија и EECA и го споделува своето искуство стекнато во кампањите со преку 13 милиони корисници на change.org од регионот. Таа секојдневно им помага на корисниците кои започнуваат со кампањи преку консултации, помагајќи им во изградбата на стратегија и во тоа како да мобилизираат потписници со цел да победи нивната кампања.

@AniaBialas

Изведувачи: Астални проекции

AstalniPШто се Астални проекции?

Астални проекции или поетско читање на асталот, се книжевни собиранки секој прв вторник во месецот. Место на случувањето е арт-кафе Менада, кое секој вторник ги собира младите, и не толку младите поети, прозаисти, уметници, намерници во еден убав мек агол на сегашноста и ги проектира на поубави места.
Почна во јуни 2014, а годинава прославивме јубилејка од 30 Астални, односно три години постоење без никакви формалности. Духот и телото на овој настан сме ние двајца – Ана Голејшка и Ѓоко Здравески, и обајцата поети и луѓе во потрага по убавината на овој свет. Без публиката и нашите пријатели настанот немаше да го биде – им благодариме на сите што секој месец се со нас.

За овие три сезони/ 3 години откако постојат Астални, бевме дел од Автономна Зона, учествувавме во програмата на Филмскиот фестивал Манаки со Боооезија – Асталот е убав, како гости во Струмица на работилница за креативност, бевме и дел од Paratissima фестивалот, а многу често и по Асталните се продолжувало кај Тома во Канал 103, каде што во етерот сме ги читале убавините од вечерта.
Астални е платформа направена од љубов и уметност, ангажирана е да осветлува и просветлува, да искара, критикува, да направи пресек на времето и да послужи како иден пример за нови вакви настани, ослободени од секакви салонски фризури.

Говорник: Иван Новак

IvanNИван Новак е еден од основачите на групата Лајбах. Во август 2015, Лајбах стана првата рок група од Западот која некогаш настапувала во главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг. Бендот изведе краток сет составен претежно од композиции од мјузиклот “The Sound of Music” и други преработки, како и оригинална музика на Лајбах, во Понгва Театарот, и акустичен сет во Кум Сонг музичкото училиште. Настапите ја одбележаа 70-тата годишнина од независноста на Кореја од Јапонија, после Втората светска војна.

Оригиналната идеја за концертите произлезе од норвешкиот уметник и активист Мортен Траавик, кој го сними документарецот “Liberation Day” за време на нивниот престој во Северна Кореја.

Говорник: Никола Писарев

NikolaPНикола Писарев, роден во 1975 година во Скопје, е историчар на уметност и археолог. Од 2015 година е магистер на Односи со јавност и стратешки комуникации на Високата школа за односи со јавност и новинарство на Македонскиот институт за медиуми во Скопје.

Во моментов е вработен како програмски директор на Центарот за современа уметност во Скопје. Од 1999 година активно работи на проекти посветени на подобрување на културниот и социјалниот живот на заедниците во Македонија и поширокиот регион на Западен Балкан. Писарев е автор на многу проекти кои сè уште имаат силен фидбек во македонското и регионалното граѓанско општество, ГотоГлас, Мобилната монтажна галерија, Граѓански активатор, Култура на руралните заедници (проект награден од Швајцарската агенција за развој и соработка, со специјална награда за социјално влијание), Урбан Арт Акција (еден од широко признаените проекти кај граѓанските организации во историјата на Македонија).

Тој е и основач на повеќе граѓански иницијативи, како „Го сакам ГТЦ“, Иницијатива за спасување на реката Радика, „Арсена“, Пракобрани, Охрид SOS и многу други локални иницијативи ориентирани кон заедницата. Едно од неговите најголеми достигнувања е дека тој е првиот кој почна да користи креативни комуникации и акции во проектите на граѓанските организации и успешно решавање на различни проблеми на заедниците. Автор е на многу статии од областа на Историја на уметноста, Урбана околина и урбанизам, социјална антропологија и граѓански активизам.