Радио МОФ и Младински образовен форум најавуваат гитарско и електронско финале на првото издание на ENGAGE за 2016.
ENGAGE the NIGHT е вечерен музички настан, кој ќе се одржи на 23ти април, со почеток во 21:30 часот во Кино Култура (ул. Македонија).
Концерт RIB
Започнаа како SIZ, за да некаде во октомври 2014 се роди идеата за RIB. Тие ќе нé одведат на едно поразлично музичко патување од досегашните на кои сме навикнати со нивните останати бендови и проекти. Од плажите на Venice Beach преку суптилната атмосферата на њујоршките џез клубови, па сé до скопските летаргични возења на точак. Својот прв албум – Something Completely Different го снимија во 2015, а својата промоција ја направија во јануари 2016.
https://greenhillrecords.bandcamp.com/album/something-completely-different
DJ сет на Бодан Јамакоски