Ѓорче Ставрески

Ѓорче Ставрески е македонски режисер и сценарист. Неговиот филм „Исцелител“, иако дебитантски, беше одлично прифатен – и критички, и од публиката, а неговите награди сè уште се редат.

Филмот ја дочека својата премиера минатиот ноември, а веќе доби голем број награди. Фестивалите од кои Ставрески се врати со награда се: LET’S CEE во Виена, каде неодамна доби награда за најдобар дебитантски филм на фестивалот, Солунскиот филмски фестивал, каде што му беше светската премиера, „Синемамед“ од Брисел, Санта Барбара во САД, Софискиот филмски фестивал, Франкофилм  во Рим, Бергамо филм митинг во Италија и Обањ филм фест во Франција.

Филмот раскажува за Веле, кој работи во железничко депо, и неговиот татко кој е болен од рак. Немајќи средства за лекување на својот татко, тој прави колач со украдена марихуана за да му ги ублажи неподносливите болки. Одеднаш е притиснат од криминалците кои си ја бараат дрогата назад и соседите душкала кои сакаат рецепт за „магичниот“ колач, а во Веле гледаат нова надеж – исцелител.

///ENG///

Gjorce Stavreski is a Macedonian director and screenwriter. His film “Secret Ingredient” („Исцелител“), even though his debut, is critically acclaimed and a box office hit in Macedonia. The accolades and awards for the film are still coming.

The film had its premiere last November, and has already gathered numerous awards. The festivals  from which Stavreski came back with an award are: LET’S CEE Film Festival in Vienna, where he recently got the Best Debutant Film award, Thessaloniki Film Festival, where the world premiere happened, Cinemamed in Brussels, Santa Barbara Film Festival in USA, Sofia Film Festival, Francofilm in Rome, Bergamo Film Meeting in Italy and the Aubagne Film Fest in France.

The film tells the story of Vele, an underpaid train mechanic who uses stolen marijuana to make a cake for his father to relieve his cancer pain. He suddenly finds himself cornered by the criminals who look for their drugs and the nosy neighbors who want the recipe for the “healing” cake.