Кирил Пржо Арсовски е еколог и професор по биологија, главен уредник на едукативната веб платформа ДОМА (doma.edu.mk) на Институтот за комуникациски студии. Тој е продуцент и автор на серијалот еколошки едукативни документарни филмови „Дома“.

Поле на негов интерес и истражување е комуникација на науката, екологијата и заштитата на животната средина. Пишува анализи за национални и регионални еколошки проблеми и често држи јавни предавања од областа на заштита на животната средина.