OrceTalks

Андријана Пејчиновска е средношколка во својата четврта и најдинамична година во “Орце Николов”. Освен тоа што е активен дебатер и предавач во МОФ, Андријана е вклучена во повеќе иницијативи,  како што е Hack the Mental Health Stigma, а беше и иницијатор и сегашен лидер на тимот на ОрцеTalks, здружение на средношколци кое организира месечни дискусии на разновидни теми за средношколци и студенти. Андријана заедно со својот тим го започна ОрцеTalks во ноември минатата година, а досега се одржани три едиции на овој настан-дискусија, на најразлични теми од областа на филозофијата,   технологијата и влијанието на науката врз општеството.

Андријана е активна и зборлива личност која ужива во својата зафатеност, особено кога обврските се поврзани со социјален активизам.

Жељко Ненадиќ е матурант од СУГСГ “Орце Николов”. Тој е млад активист и член на повеќе невладини организации. Жељко е вклучен во “Mладинската Иницијатива за Промени во Образованието” поддржана од Младите Можат и е активен дебатер во МОФ. Тој е голем љубител на природните науки и активист кој ужива во решавање на проблемите во општеството. Поради неговиот интерес за тоа како науките го афектираат општеството, Жељко е дел од организацискиот тим на ОрцеТаlks, кој организира дискусии на филозофски и футуристички теми кои го засегаат токму нашето општество.

///ENG///

Adrijana Pejchinovska is a high school student in her forth and most dynamic year at “Orce Nikolov”. Apart from being an active debater and trainer at the Youth Educational Forum, Andrijana is a part of many initiatives, such as Hack the Mental Health Stigma. She is the initiator and current leader of the team of OrceTalks, an association of high school students that organizes monthly discussions on different themes about high school and university students. Andrijana and her team started OrceTalks in November last year, and by far held three editions of this event on different themes from philosophy, technology and the impact of science over society.

Zheljko Nenadik is a high school graduate at “Orce Nikolov”. He is a young activist and a member of a few NGOs. He is a part at the Youth Initiative for Changes in Education”, supported by Youth Can and an active debater at the Youth Educational Forum. He is a big fan of sciences and an activist who enjoys solving problems in society. Because of his interest  in how science affects society, Zheljko is a part of the organizational team of OrceTalks, who organizes discussions about philosophical and futuristic themes that have an impact on society.