Сашо Јандрески има само 16 години, а успеа да измисли уникатен шприц што ќе ги штити медицинските лица од зарази при инјектирање терапија. Тој е втора година во прилепската гимназија „Мирче Ацев“, а веќе има неколку години волонтерски работи во Итната медицинска служба и во болницата „Борка Талески“ во Прилеп. Работејќи заедно со медицинските лица, кои секојдневно доаѓаат во допир со пациенти, кај него се родила идејата да направи шприц и да го заштити животот на медицинарите.