#СегаКажувам

Румена Бужаровска (1981, Скопје) е авторка на три збирки раскази (Чкртки, Осмица, Мојот маж) како и студија за хуморот во американскиот и македонскиот современ расказ. Се занимава и со книжевен превод од англиски на македонски (Луис Керол, Џ.М. Куци, Труман Капоти, Ричард Гвин, Чарлс Буковски). Во 2016 година беше избрана за еден од најинтересните писатели во Европа (Ten New Voices of Europe) во рамките на платформата Literary Europe Live организирана од Literature Across Frontiers. Таа е организаторка и иницијаторка на ПичПрич – вечери на раскажување женски приказни, како и авторка на истоимената радио емисија. Уредник е на Блесок – проза и е професорка по американска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје.

Ирена Цветковиќ е магистер и доктор на науки по родови студии. Како млада истражувачка работела на многу истражувачки проекти од областа на социологијата, родовите студии и медиуми. Беше авторка на општествено ангажираниот блог Фемгерила, а потоа и колумнистка во дневниот весник Дневник. Таа е активистка за човековите права на маргинализираните заедници, а особено се бави со активизам за правата на жените, ЛГБТ лицата, корисниците/чките на дроги и сексуалните работници/чки. Активна е во неколку формални и неформални активистички здруженија. Во моментов е извршна директорка во Коалицијата Маргини.

///ENG///

Rumena Bužarovska (1981, Skopje, Macedonia) is the author of three short story collections (Scribbles,Wisdom Tooth, My Husband) and a study on humor in contemporary American and Macedonian short fiction. She is a literary translator from English into Macedonian (J.M Coetzee, Lewis Carroll, Truman Capote, Charles Bukowski and Richard Gwyn). In 2016 she was selected as one of the Ten New Voices of Europe by Literary Europe Live platform within Literature Across Frontiers. She is the initiator and organizer of the PičPrič women’s storytelling event in Macedonia and hosts a radio show under the same name. She is currently the prose editor of the literary magazine Blesok and associate professor of American literature at the State University in Skopje.

Irena Cvetkovic (1982) holds MA and PhD in Gender Studies. As young researcher she has worked in many research projects in the field of social sciences, gender studies, media, women rights, LGBT rights etc. Her public engagements started with her blog- Femgerila and she was regular weekly columnist in the daily newspaper Dnevnik. She is activists for human rights of marginalized communities, with focus on women, LGBT, drug users and people living with HIV. She is active in numerous formal and informal activist groups. In the moment she is executive director of the Coalition Margins.