ENGAGE е конференција за друштвен активизам, која Младински образовен форум и Радио МОФ ја организираат по седми пат.  ЕNGAGE е конференција каде странски активисти, новинари, креатори на граѓански и онлајн иницијативи споделуваат знаења и искуства на теми поврзани со граѓанска ангажираност, активизам на јавен простор, слобода на говор, образование, животна средина, протокот на информации и можности за граѓанска мобилизација преку интернет.

Преку ENGAGE, МОФ и Радио МОФ се стремат да го подигнат нивото на информираност на граѓаните, нивната присутност и активно делување, како онлајн, така и во физичкиот простор.  Со 10 говорници и 300 гости во публика, обезбеден аудио и видео стриминг, ENGAGE ќе обезбеди едукација, интеракција и инспирација за индивидуи, групи и организации чија цел е да го подобруваат општетството во кое живееме.

Претходните години како странски говорници учествуваа: Биргита Јонсдотир (поетеса, активистка, анархистка и трократна пратеничка во исландскиот парламент од Пиратската партија – Исланд), Иван Новак (основач на бендот „Лајбах“ – Словенија), Ирина Гордиенко, (новинарка на весникот Новаја Газета која го истражуваше прогонот на ЛГБТ лицата во Чеченија – Русија), Ана Биалас (Change.org – Полска), Михаи Политеану (извршен директор на Иницијатива Романија), Емилиано Кампањола (актер, режисер, видео – артист – Италија), Јернеј Кастелич (Autonomous Factory Rog – Словенија), Ксенија Радовановиќ (Neda(vi)mo Beograd – Србија), Христос Јовнопулос, (Hub for Social Economy – Грција, Валерио Мушела (project  4StelleHote – Италија), Ирем Сомер (Association for Solidarity with Refugees – Турција), Питер Ван Хојте (политичар – Белгија), Питер Сунде (The Pirate Bay – Финска/Норвешка), Смари МекКарти (Iceland Pirate Party – Ирска/Исланд), Владан Јолер (SHARE – Србија),  Јарина Груша (Babylon 13 – Украина), Ајзис Томпсон (режисерка на The Real Social Network – Велика Британија), Дејан Николиќ (Njuz.net – Србија), Салио Сијах (Glasomer и Vistinomer – Босна и Херцеговина), Хана Марку (Kosovo 2.0), Дарко Соковиќ (Dokukino – Србија), Вук Војновиќ (Влада на Црна Гора). Како домашни говорници учествуваа повеќе од  50 говорници меѓу кои се: Фчерашни новости, Никола Писарев, Беса Арифи, Ленче Ристоска, Томислав Кежаровски, Роберто Беличанец, Владимир Милчин, Златко Ориѓански и Влатко Васиљ.

Ова издание на ENGAGE е поддржано од Фондација Отворено Општество Македонија во рамки на јубилејниот настан за одбележување на 25-годишнината од постоењето на ФООМ,  организирана од Младински образовен форум и Радио МОФ.

Повеќе информации за минатогодишните изданија на ENGAGE погледнете на следните линкови:

 ENGAGE 2017 // ENGAGE 2016  // ENGAGE@AKTO 2016 //  ENGAGE 2015  //  ЕNGAGE 2014  //  ENGAGE 2013  //   ENGAGE 2012