Михаи Политеану е ко-основач и извршен директор на Иницијатива Романија (Inițiativa România- IR), критичко движење кое промовира слобода, владеење на правото, интегритет, солидарност, отчетност и транспарентност. IR е успешна приказна за градење на заедницата, родено на 1 ноември 2015, за време на уличните протести предизвикани од трагичниот настан во Колектив Клуб, кога 64 луѓе починаа поради лошите противпожарни регулативи и нивното применување, поради корупција.
Михаи е дипломец на филозофија на Универзитетот на Букурешт и на Централниот Европски Универзитет (магистер на студии на национализам). Во 2003 година, работел во службата за комуникации во Романското Академско Општество. Во 2005 година, станал советник на министерот за правда, Моника Маковеи. Почнувајќи од 2007 година, Михаи бил проектен менаџер на фондацијата Фридом Хаус, за антикорупциските проекти. Меѓу 2009 и 2015 година, работел како парламентарен асистент за романскиот член во Европскиот парламент.